петок, 18 декември 2009

Нов анимиран Batman!

Comics2Film отрива официјално дека наредниот проект на 'DC Universe анимирани филмови после, Justice League: Crisis on Two Earths' ќе биде 'Batman: Under the Hood'.

Филмот ќе биде базиран на неодамнешна арка во Batman #635 - 641. Други познати информации се дека Judd Winick, кој беше сценарист на тие стрипски изданија, ќе го пишува и сценариото за овој филм.

Приказната во стрипот вклучува познат негативец на Batman, The Red Hood, кој беше предходен идентитет на Joker пред да ја има несреќата со хемикалиите. Овој нов Red Hood има улога на анти-херој во Gotham, притоа почнува брутална војна против криминалци како Joker и Black Mask.

Иако повеќето знаеме кој е зад идентитетот на Red Hood, Wayne Manor нема да им го расипе задоволството на оние кои уште не знаат.

Очекувајте овој филм да се појави летово.

Нема коментари: