Почнувајќи од 2010, DC Entertainment открива BATMAN: EARTH ONE -- графичка новела која се фокусира од првите години на постоењето на Мрачниот Витез, прераскажани во оригинален графички формат, во комплетно нов континуитет.THE SOURCE вели: Гледајте од најмрачните сокаци на Crime Alley како младо момче кое доживува трагедија ќе се претвори во еден од најсилните борци против криминал кој талка по покривите на Gotham во BATMAN: EARTH ONE, од сценаристот Geoff Johns и илустраторот Gary Frank.
Еве неколку извадови од сценаристот Geoff Johns од неговото интервју со AICN:
ACIN: За што ќе се работи BATMAN: EARTH ONE?
GEOFF JOHNS (GJ): Идеата позади BATMAN: EARTH ONE е да се создаде серијал со европски тип на издаваштво кое се состои од редовно издавање на графички новели. Планираме да правиме по две новели годишно во овој универзум, покрај тоа имаме и неограничена креативност која ја немавме во тековниот континуитет. Кога Dan Didio нé праша Gary и мене дали би биле заинтересирани да работиме на ваков проект, веднаш се нафативме. Го земаме светот на Batman и го градиме темелно одново.
ACIN: Како мислите, голема одговорност како потеклото на Batman да го направите свежо и поинакво од другите приказни?GJ: Нашиот Batman е малку поразличен но сепак е Bruce Wayne. Сакам книгата да зборува за самата себеси, но Batman, Alfred, детективот Gordon, Arkham, изопаченото потекло наGotham City, Bat-Mobile-от и најдобрата група на негативци ќе бидат дел од светот кој го создаваме. Некои од ликовите многу ќе бидат слични со своите минати интерпретации, а пак други драстично ќе се разликуваат. исто така ќе воведеме многу нови елементи и ликови.
За повеќе детали, посетете ги THE SOURCE and AICN.
За повеќе детали, посетете ги THE SOURCE and AICN.






