сабота, 14 ноември 2009

Michael Caine: Batman 3 можеби нема да се случи

Според Michael Caine (извор: IGN), BATMAN 3 може да не се снима.

Еве извадок од актерот:

"Ако направат уште еден BATMAN ќе бидам во него, ќе бидам батлерот. Но не знам дали воопшто ќе се снима уште еден BATMAN. Ако се снима, нема тоа да се направи во брзо време."

Има некои шпекулации дека во 2010-тата, Warner Bros. и Chris Nolan ќе го завршат планот за BATMAN 3, (веродостоен извор кој се има покажано со текот на времето). Дали ќе биде тоа ново работно место или оставка останува да видиме.

Личното мислење на типот е дека колку подолго не добиваме некакви информации за BATMAN 3 сниман од Нолан во 2010-тата, се помали се шансите режисерот да и се врати на франшизата.

separator-copy

Можно е Inception да е тивок договор помеѓу WB и Нолан дека ќе и се врати на франшизата но меѓутоа недостатокот на новости во последно време само покажува кон полошо. Општо познат факт е дека WB нема да чекаат засекогаш на Нолан и имаат кратка листа на негова потенцијална замена.

3 comments:

Љубиша said...

Лошо...

?TheRiddleR? said...

Не верувам дека Ворнер ќе испушти ваква златна кокошка (читај: правење милијарди од еден филм!), па веројатно му дале малку простор на Нолан да заврши со Inception (од којшто барем јас очекувам доста, мада рано е уште), па после ќе го стегнат да го прави. Најбрзо - 2011, ама подобро можда ќе биде и една година покасно, чисто ради претпазлива работа и повеќе простор околу сценарио и режија

Бојан Маџаров said...

^ WB се одлучени да не чекаат многу. Штосот е што Нолан има понуда на масата, но таа понуда истекува.