Откако заврши прилично неинвентивниот Battle For The Cowl, целата низа Bat-стрипови отидоа на мала пауза. По враќањето главниот серијал како што сите знаеме е Batman & Robin на генијалецот Grant Morrison. Batman продолжи по една мирна патека, Red Robin се покажува како добар стрип, Streets Of Gotham и посебно Batgirl се со сомнителен квалитет...истото веројатно се мислеше и за Detective Comics, кои од бројот 854 продолжуваат, многу интересно, со Batwoman, која го зазема местото на Batman како главен лик уште од почетокот на стрипот. Многу незгоден избор. Таман кога сите очекуваат Grayson да биде распространет сегде, DC се одлучи на овој ризичен чекор. Меѓутоа, комбинацијата на Greg Rucka и J. H. Williams III се покажа како одлична, барем сега засега во аркот Elegy.
Оваа интересна приказна е развиена помеѓу броевите 854 - 857 на Detective Comics. Приказната се движи околу трагањето и борбата помеѓу Batwoman и Alice, од култот Religion Of Crime...без некои поголеми отстапки приказната се движи по цврст пат, без свртувања лево или десно, па дури може да ви е и предвидлива на моменти. Меѓутоа, иако е така, тоа не значи дека не е добра...
За Elegy не важи онаа американската изрека, don't judge a book by it's cover. Ако судиме по артворкот на Williams, тогаш нема многу да се погреши. Стрипот е добар колку што изгледа. Панелите на Williams се неконвенционално решени многу често. Ретко се одлучува да го користи оној стандарден распоред на панелите, а почесто, особено во акционите секвенци користи многу интересни решенија. Batwoman е направена одлично, целата во црно само со црвеното лого на градите. Се користи широк спектар на боите кои се јаки и разиграни. Токму со боите се создава одлична атмосфера, изразено во првиот број т.е. 854 каде од сивилото (црно-белите панели) избива ликот на Batwoman во црвено и црно и прави прекрасен контраст. Значи, за артворкот немам никакви замерки :)
Да преминеме на карактерите и пишувањето на Rucka...Greg Rucka е доста познат автор во Bat-универзумот, пишувајќи броеви од Batman, Detective Comics, а дел и од креативниот тим кој го напиша 52. Во Elegy, Rucka несоменно се снаоѓа одлично. Карактерните црти на Batwoman се извлечени прекрасно, без разлика на тоа дали се работи за Kate Kane или за нејзиното алтер его. Таа е храбра, одлучна, буквално жена од акција. Ретко се двоуми, физички е спремна во секој момент. Војнички менталитет. Секогаш кога е без маска е заглавена во рутина, вежба и се подготвува ментално за следниот чекор...Нејзиниот татко е полковник, па очигледно е зошто Kate Kane е со таков менталитет, борбена и храбра особа. Успут, лезбејка е :) Најдобро продаван геј-лик во DC :) Врската помеѓу Kate и нејзиниот татко е веројатно аналогија на врската помеѓу Batman и Alfred, кој често го советува Bruce\Dick. Главната негативка, Alice е исто така солидно изведен лик (и прекрасно исцртан би можел да додадам), иако не верувам дека би можеле да ја гледаме подолго во уште некој арк. Кога се ќе се собере, Rucka има полн погодок со серијалов. Приказната се движи без некои особени твистови, прилично е приземјена и гледа само во една насока, меѓутоа тоа не ја прави лоша. Баш напротив, покрај сите работи што се случија во DC универзумот во последно време, можеби и на сите нас ни треба одмор од замрсените аркови.
Detective Comics го заслужува вашето внимание. Интересна приказна, одличен артворк, одлично straight-forward сценарио...Секој панел е одлично сврзан со пишувањето на Rucka, па дури на некои панели може да се примети и по некој spoiler за приказната, ама тоа сами ќе си го сфатите. Целата мистерија во приказната е исто интересно изведена, со главниот фокус на прашањето "Која е Alice"? (Одговорот веројатно ќе следи во наредните броеви, иако уште сега мене ми е очигледен). Интересен арк, а уште поинтересни се и броевите кои следат...
3 comments:
Ајде и Наум ја изгуби невинсота. :)
Честито прва рецензија, одлична е.
Одлично мајсторе. Welcome to the club!
Фала на честитките :)
Post a Comment