вторник, 17 ноември 2009

Batman / Doc Savage Special

Ова е всушност лансирањето на новиот DC универзум, во кој Brian Azzarelo сака да направи свет без суперхерои и со кого најдобро да се почне приказната освен Бетмен нели?

Приказната во кратки црти е дека Batman е осомничен за убиство и Doc Savage (повеќе за него подоцна) гостува во Готам да ја разоткрие целата мистерија позади ова.

Стрипот е одличен. Brian Azzarelo ги користи своите таленти максимално за да ни долови една многу интересна крими-драма. Бетмен е сеуште нов (во раните 20-ти, можеби 24) и уште не е остро умен како што ќе стане подоцна. Исто така носи пиштоли со него, иако најверојатно нема намера да убие со нив покрај тоа што има во стрипот престрелка помеѓу Бетмен и двајца мафијаши. Џим Гордон е исто така малку присутен во приказната и со муабет меѓу колегите покажува нетолеранција спрема Бетмен. Брус Вејн е доста инспириран речиси 100% ист како од The Dark Knight, што е одлична работа, медиа момче навидум гладно за камери и публицитет, дури во една сцена ќе се прави многу пијан и ќе замавне кон Doc Savage, но Savage остроумно ќе забележи дека Bruce Wayne не мириса на алкохол, а поентата на Bruce беше дали Savage е левак или деснак.

Savage треба да преставува совршениот човек. Физички одлично изграден и неверојатно интелегентен. Ова треба да претставува некаква Batman / Superman динамика која ја имаше во официјалниот канон.

Цртањето е доста интересно. Временскиот период наликува на доцните 30-ти и на моменти е како Batman TAS што е одлична работа. Илустраторот во некои панели емулира фокус од фотографска камера, техника доста интересна и соодветна за ваков стил на раскажување приказна.

Јас лично мислам дека ова е неофицијален рестарт на DC канонот кој можеби е резултат на Crisis настанот, затоа што после предходниот Crisis настан, DC го рестартираше континуитетот. Јас со широко срце се надевам дека ова ќе се претвори во редовна месечна серија. На крај од стрипот има краток вовед и на ликови кои не се во приказната туку кои се планирани за натамошните приказни, како Black Cannary и Wildcat.
-Download-