петок, 29 јануари 2010

Сајтот е преместен тука.

вторник, 29 декември 2009

Batman Vs. Hush

Следи последниот дел од стрипот на Андреј Манев Batman Vs. Hush. Уште еднаш огромна благодарност до Андреј што ни дозволи први да го објавиме неговото дело.

Весели празници

Wayne Manor ви посакува весели празници и успеси во новата 2010 година. Се гледаме наредната година.

P.S. Ви спремаме огромно новогодишно изненадување, stay tuned.




четврток, 24 декември 2009

Негативци во Arkham Asylum 2

Неодамна дебитираше трејлерот за продолжението за критички возвишуваната игра Batman: Arkham Asylum, покрај тој успех продолжението беше очекувано. Меѓутоа овој трејлер најавува повеќе работи кои не се очигледни. Освен тоа што знаеме дека Arkham е преместен во Gothman и Gotham е во анархија вметнати се повеќе работи за тоа кој ќе се појави.

Ideal Hardware е првиот знак на кој налетуваме ова е можеви знак за Jervis Tech а.к.а. Тhe Mad Hatter.

На ѕидовите на улиците има залепено постери од Uncle Sam кој е оштетен на левата страна давајќи ни хинт за Two-Face.

Во позадината можеме да забележиме жолто зелен банер кој можеби кажува дека и Robin ќе се појави во играта.

Потоа ќе го забележиме е Iceberg Lounge, кој е елитен ресторан во Gotham и служи како "легален" бизнис на Oswald Cobblepot a.k.a. The Penguin.

Насроти Iceberg Lounge е убаво скриена но сепак видлива црна мачка на противпожарниот излез, која е очигледен знак за Catwoman.

Наредната најава се буквите SIONIS, Roman Sionis e вистинско име на Black Mask.


И на крај јасно видливи ги имаме Joker и Harley Quinn. Меѓутоа не заборавајте на трите различни краја на првата игра кои сугерират дека Scarecrow, Killer Croc и Bane се на слобода.

сабота, 19 декември 2009

Batman Vs. Hush

Екслкузивно за The Wayne Manor, Андреј Манев (aka. Bash Tchelik или Hush) ни го открива омотот на неговото независно Batman издание наречено Batman Vs. Hush. Ова издание нема моментална дата но се надеваме дека авторот ќе го заврши во блиска иднина.


петок, 18 декември 2009

Нов анимиран Batman!

Comics2Film отрива официјално дека наредниот проект на 'DC Universe анимирани филмови после, Justice League: Crisis on Two Earths' ќе биде 'Batman: Under the Hood'.

Филмот ќе биде базиран на неодамнешна арка во Batman #635 - 641. Други познати информации се дека Judd Winick, кој беше сценарист на тие стрипски изданија, ќе го пишува и сценариото за овој филм.

Приказната во стрипот вклучува познат негативец на Batman, The Red Hood, кој беше предходен идентитет на Joker пред да ја има несреќата со хемикалиите. Овој нов Red Hood има улога на анти-херој во Gotham, притоа почнува брутална војна против криминалци како Joker и Black Mask.

Иако повеќето знаеме кој е зад идентитетот на Red Hood, Wayne Manor нема да им го расипе задоволството на оние кои уште не знаат.

Очекувајте овој филм да се појави летово.

Batman на македонски

Мрачниот Витез доби третман на македонски и тоа од еден од поголемите негови фанови Андреј Манев (aka. Bash Tchelik или Hush). Еве ја специјално за нашите читатели премиерната табла па се надеваме Андреј ќе не изненади и понатаму со уште некое вакво парче.
Браво за Андреј и секако Фала!